Улога на заедниците за учење во мотивирање на вработените за професионален развој
Date Issued
2021
Author(s)
Алибеговска, Евелина
Abstract
За разлика од статичните системи за менаџирање на знаењето, заедниците за учење нудат поинаков пристап на создавање и споделување на знаењето, со фокус на луѓето и социјалните структури. Истражувањето од овој магистерски труд нуди одговори на неколку клучни прашања: дали заедниците за учење се присутни како практика во организациите и институциите кај нас, какви се нивните карактеристики и дали се успешни како практики, и која е поврзаноста меѓу членувањето во заедниците за учење и интринзичната мотивација на членовите за учење и професионален развој. Преку прашалник со типологија на структурните карактеристики на заедниците за учење и инструмент за проценка на интринзична мотивација, администриран врз вработени во меѓународни и локални организации од граѓанскиот сектор и училиштата во Република Северна Македонија се утврди дека заедниците за учење се присутни во различни сфери на општествените дејности, имаат поволна организациска средина, соодветна институционална поддршка и теми релевантни на секојдневната работа на членовите, што ги прави ефикасни и успешни практики. Создавањето поволна организациска средина е клучно за ефективноста на заедниците за учење и влијае позитивно врз интринзичната мотивација за учење и развој на нивните членови.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ealibegovska2021.pdf
Size
2.46 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2ddfa47e9ddb904d8c7e488f56440ccd
