Човечки ресурси, квалитет и имиџ
Date Issued
2020
Author(s)
Азир, Џемиљ
Abstract
Управувањето со човечките ресурси се активности кои се во надлежност на секторот човечките ресурси со кои значително се влијае на мотивацијата на вработените во организацијата. Секторот за човечки ресурси е оној кој одлучува за бенефициите на работниците, ги прави неопходните евалуации на сите вработени за да се пресмета степенот на задоволство, мотивираност, перформансот на секој вработен и друго. Регрутацијата и селекцијата на кандидати, како главна цел на човечките ресурси е од особено значење за организацијата бидејќи преку нив се проценува не само бројот на луѓе кои и се потребни на организацијата туку и нивните вештини, способности, знаење за истите да можат да бидат соодветно класифицирани и поставувани на работните места кои најмногу би им одговарале.
Брендирањето и имиџот на било која организација без разлика на бројот на вработени или воопшто било која друга карактеристика претставува доста комплексен процес кој бара особено внимание во компонирањето и подразбира вложување на напор и трпение при работа на процесите кои се поврзани со брендирањето или воопшто имиџот. Брендирањето е алатка преку која организациите се претставуваат на потрошувачите онака како што тие очекуваат потрошувачите да гледаат на нив. Овој труд се фокусира кон пронаоѓање на врската меѓу квалитетот во менаџирањето на човечките ресурси и неговото влијание врз перформансите и успешноста во организацијата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
djazir2020.pdf
Size
2.51 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b671305cbcbebc48ccfb832f8107834b