Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Economics
  3. Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје
  4. Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во Република Македонија
Details

Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во Република Македонија

Journal
Годишник на Економскиот факултет, том 50 (2015)
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Со зголемувањето на сознанието и свеста кај истражувачите сè повеќе се согледува огромното влијание, кое малите бизниси го имаат во делот на претприемачките активности, иновациите, креирање на нови работни места, профитабилноста и економијата во целост. Притоа, преку согледувањето на структурното значење на малото претпријатие, посебно за големите бизниси, за високата технологија, за високорастечките бизниси и за општеството во целина, малото претпријатие се наметнува во фокусот на истражувачките интереси. Сè почесто се случува во светот најдобрата експертиза да се обезбеди преку малите бизниси, пред сè поради нивната специјализација и фокус. Голем дел од успехот на малото претпријатие произлегува од нивната различност и посебност. Па така, долгорочната ориентација и планирање кое треба да ја обезбеди иднината на малото претпријатие, станува значаен дел од секојдневието на малите претпријатија.Во рамките на оваа анализа се опфатени различните аспекти, поврзани со малите претпријатија во Република Македонија, како штосе општите карактеристики, финансирањето, растот, планирањето,
употребата на техниките за планирање, стратегиите и сл. Спроведеното истражување на повеќе од 305 деловни субјекти креира една слика за ситуацијата во однос на менаџментот на малите претпријатија во Република Македонија, истовремено обезбедувајќи преглед на нивните специфичности и карактеристики. Интересно е тоа што респондентите/
испитаниците ги одговориле прашањата, поврзани со планирањето и стратегиското планирање, со што иницијално може да се утврди постоењето на одредена свест кај мали претпријатија од потребата за планирање на долгорочниот развој.
Употребата на постојното знаење и генерирање на соодветна рамка за малиот бизнис во Република Македонија обезбедува можност за согледување на придобивките од употребата на различни менаџерски алатки и техники во насока на остварување долгорочен развој и просперитет на малите претпријатија, што треба да биде еден дополнителен поттик за
малите претпријатија да ги насочат своите напори кон имплементација на соодветни стратегиски елементи во секојдневното работење.
Subjects

мал бизнис, планирање...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

2015_АЈ годишник финал.pdf

Size

1.22 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):dfb8cd96b58cf5d6a18e76f2ac06b343

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify