Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Economics
  3. Faculty of Economics 07. Monographs / Монографии
  4. Моделирање на сегментите на пазарот на труд низ перспективите на дипломираните економисти на Економски факултет - Скопје
Details

Моделирање на сегментите на пазарот на труд низ перспективите на дипломираните економисти на Економски факултет - Скопје

Date Issued
2022
Author(s)
Abstract
Употребата на квантитативните модели за утврдувањето на детерминантите врз сегментите на пазарот на труд во Република Северна Македонија, се наметнува како потреба при креирањето и имплементацијата на новите политики. Успешната интеграција на пазарот на труд е клучна за младите дипломци, а високообразовните институции се директно инволвирани во создавање компетентна понуда на работна сила. Предмет на интерес во оваа монографија се двата сегмента на пазарот на труд односно вработувањето и самовработувањето. Целта е да се моделираат двата сегменти низ перспективите на дипломираните економисти на водечката институција во областа на економијата и бизнисот во Северна Македонија, Економскиот факултет – Скопје при УКИМ во Скопје. Анализата утврдува колку од дипломираните економисти се вработиле непосредно по дипломирањето (и тоа во областа за која се стручни или во друга област); колку од нив чекале да бидат вработени во соодветната област и кои фактори влијаеле на должината на чекање и колку од дипломираните економисти започнале сопствен бизнис. Истражувањето е базирано на примарни податоци собрани преку електронски дистрибуирани анкетни прашалници до дипломирани економисти запишани во периодот од 2014 до 2018 година. Врз основа на добиените одговори од пополнетите прашалници студијата конструира квантитативни модели (математички, на машинско учење и економетриски), а со нивно решавање се утврдува значењето на индикаторите на должината на барање работа во соодветната област како и на факторите за започнување сопствен бизнис. Покрај тоа, анкетирани беа и студентите од четврта студиска година на Економскиот факултет – Скопје во академската 2021/2022 година за да се утврди колку од нив имаат дефинирано цели за својата иднина; аспирации за продолжување на постдипломски студии во државата и на која студиска програма (непосредно по дипломирањето); колку ќе бараат работа во државата; колку планираат да започнат сопствен бизнис, во која индустрија и што влијае на нивната одлука. Со помош на техники на машинско учење (анг. machine learning – ML), визуализација преку вештачка интелигенција и логистичка регресија студијата врши моделирање на детерминантите во двата пазарни сегменти во случајот на дипломираните економисти. Резултатите укажуваат дека департманот на студии, должината на студирање, стекнатото неформално образование, местото на раѓање и доходот на семејството се клучните фактори на влијание врз двата пазарни сегменти. Спроведената логистичка регресија за вработливоста на студентите од чеврта студиска година укажува на статистички значајно влијание на независни варијабли како реализирани форми на вработување во текот на студиите, успехот во текот на студиите и доходот на семејството. Спроведеното истражување сумирано во рамките на оваа монографија има големо научно, но и практично значење за мала економија во развој. Студијата е прва емпириска анализа во која се моделираат двата сегменти на пазарот на труд низ перспективите на дипломираните економисти во македонската економија при што добиените резултати и дадените препораки се од особено значење за креаторите на економската политика во нашата држава.
Subjects

сегменти на пазарот н...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Моделирање на сегментите на пазарот на труд низ перспективите на дипломираните економисти на Економски факултет - Скопје.pdf

Size

3.24 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):7b542f7fc56448b19e400302515d10c4

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify