Влијание на интерната комуникација врз перформансата на вработените
Date Issued
2018
Author(s)
Николовска, Елена
Abstract
Секоја компанија е единствена, има свој начин на работа, единствен образец на однесување и начин на функционирање. Основата на секоја компанија ја сочинува вкупниот човечки капитал кој претставува компаративна предност на компанијата, која не може да се копира. Преку нивната соработка се обликува единствениот комуникациски процес. Нивото се доведува до одреден степен на успешност која влијае на целата компанија, а со тоа и на резултатот кој компанијата го остварува, односно ефектот на самата организација. Интерната комуникација претставува една од најважните карактеристики на секоја модерна организација. Од друга страна перформансата на вработените е основен показател за успешност. Односно, видлива е големата поврзаност, но и важноста на секоја од овие два фактори, особено во меѓусебното дејствување. Во овој труд e согледан главниот проблем на ова истражување: Дали постои поврзаност помеѓу интерната комуникација и перформансата на вработените. Преку комбиниран прашалник кој се состои од 37 тврдења статистички се обработени одговорите на над 700 вработени од компанија во приватниот сектор. Од ова истражување се очекува дека може да биде потврдено постоењето на поврзаност на интерната комуникација и перформансата на вработените, поврзаноста помеѓу директната и повратна интерна комуникација и перформансата на вработените и поврзаноста на задоволството од комуникацијата и перформансата на вработените.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Elena Nikolovska Magisterska fin.pdf
Size
1.07 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f580e90a7bd7f6e05643cd157ecf77e1
