Злосторствата против жените во вооружени конфликти - јуриспруденциски новели и перспективни предизвици
Journal
Македонска ревија за казнено право и криминологија
Date Issued
2019
Author(s)
Каролина Ристова - Астеруд
Abstract
Трудот прави систематизиран осврт и онтолошка анализа на казнено-правните новели во рамки на меѓународното хуманитарно право во однос на злосторствата против жените во вооружени конфликти, временски опфаќајки го периодот по Втората светска војна, од работата на Нинбершкиот и Токискиот воен суд од 1945 и 1946 година респективно, Женевските конвенции од 1949 година, па се до Статутот на Меѓународниот кривичен суд од 1998 година. Клучната специфичност на тие новели е нивната обликуваност и внесување во правниот поредок по пат на судски активизам и придружната методологијата на судиско толкување во работата на ад-хок кривичните трибунали, попознати како Хашки и Руандски трибунал, воспоставени во 1993 и 1994 респективно. Како што се аргументира, таквиот пристап преставува своевидно отстапување од вообичаената претпазливост во областа на (меѓународното) казнено право да се претпочита методологијата на правно-позитивниот пристап на толкување на „тврдото право“, и истиот преставува предмет на придружна анализа во трудот. Заклучно, трудот ги идентификува клучните предизвици кои и натаму остануваат неадресирани во казнено-правниот пристап кон овој тежок облик на злосторства во вооружените конфликти.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Microsoft Word - Ristova Asterud Karolina_ЛЕК.doc.pdf
Description
Open Access Journal Article
Size
285.02 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a23b468d9abb825f38c0b1155987342f
