Профил на лидерство во функција на националните, регионалните и светски предизвици
Journal
Меѓународен Дијалог: Исток - Запад ( Право и Политикологија)
Date Issued
2022-06
Author(s)
Димитриев Емил
Abstract
АПСТРАКТ: Лидерството е една од најуниверзалните и секогаш актуелни теми. Taa e насушна потреба на човекот во многу области, иако за жал најчесто се врзува за политиката. Од друга страна дури и најобична прошетка во природа ќе ви ја даде една од поедноставните дефиниции за лидер, дека тоа е оној што го знае патот. Успешноста на било кое поле, особено ако се има одговорност да се предводи одредена група/организација зависи од мноштво знаења и вештини. Тие имаат своја база во предизпозициите на човекот од неговото раѓање, и се надградуваат преку процесите на социјализација, едукација и лични искуства.
Живееме во време на хиперпродукција на експерти за се и сешто, и многу често сме во искушение на кого да го трошиме највредниот ресурс, времето. За мене кредибилноста на говорењето ја сочинуваат повеќе нешта, од кои најважни се познавањето на материјата и личното искуство поврзано со неа. Особено второто т.е искуството сметам дека претставува најоригинала трансмисија на емпирија. Притоа многу е важно тоа што се споделува да е актуелно, корисно и апликативно за слушателите.

Subjects