Предизвици и перспективи на новиот светски геополитички поредок
Date Issued
2019
Author(s)
Баланчевска, Сања
Abstract
За геополитиката се смета дека е наука од редот на општествените научни дисциплини која се занимава со проучување на општествените, економските, демографските и политичките процеси на државите, како единки зависни и распоредени во единствениот географски простор. Таа претставува концепција која ја објаснува политиката на државата преку природногеографските услови, географската положба и расните разлики на населението.
За истата, неретко се вели дека е инструмент на освојувачките, експанзивни и империјалистички политики и желби на големите држави, меѓутоа во современи услови геополитиката е значајна за опстанокот и постигнување на националните интереси на сите држави во светот без разлика на нивната големина и моќ, а со процесот на глобализација и детериторијализација, геополитиката добива и сосема нови размери кои се однесуваат не само на државите, туку и на недржавните актери и единки како народи, племиња, општествени движења, религии, цивилизации, движења, терористички групи и криминални мрежи и организации.
Геополитичкиот поредок претставува концепт со кој во геополитиката се објаснува сложеноста на односите кои владеат во геополитичкиот систем. Покрај тоа, геополитичкиот поредок е и самата состојба на геополитичките односи во геополитичкиот или меѓународниот систем.
Последниот т.е. новиот светски геополитички поредок е резултат на геополитичката транзиција од биполарниот геополитички поредок, односно се смета дека почнал во периодот на завршувањето на Студената Војна, кое беше резултат на распадот на СССР. Истиот сѐ уште нема свој назив, но дел од геополитичарите сметаат дека овој поредок е втор облика на доминација на САД, а дел мислат дека станува збор за облик на хегемонија без хегемон, земајќи ја во предвид појавата на други големи сили – Русија и Кина.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sbalancevska2019.pdf
Size
993.06 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9382e2bd053246713db2c51520d686db