Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Процена на однесувањето кај учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта
Details

Процена на однесувањето кај учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта

Date Issued
2019
Author(s)
Панова, Елена
Abstract
Однесувањето е начин на кој постоиме во даден момент на нашиот живот. Преку него ги остваруваме сопствените потреби, намери, цели, додека кон другите преку него го градиме ликот за себе и стапуваме во комуникација со другите.
Социјалните вредности и ставови го одредуваат однесувањето на припадниците на одредена општествена заедница. Постојат одредени фактори кои влијаат врз однесувањето (личните предиспозиции и мотиви и ситуационо – контекстуални фактори) кој се одлучувачки во експресијата на однесувањето на индивидуата.
Целта на ова истражување е процената на проблемите во однесувањето кај учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта.
Во ова истражување беа вклучени 200 испитаници, од кои 150 ученици со интелектуална попреченост од посебните основни училишта и 50 со интелектуална попреченост вклучени во процесот на инклузија во редовните основни училишта на територија на Град Скопје.
За истражувањето се користеше скалата за процена на однесувањето на детето во училиште според Бојанин, Савановиќ, која ни даде јасна слика за однесувањето на детето, кое може да се процени како: повишено (хиперактивно), снижено (инхибирано) и складно однесување.
Со ова истражување се докажа дека постојат проблеми во однесувањето кај учениците со интелектуална попреченост во редовните и посебните основни училишта.
Subjects

однесување, ученици с...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

epanova2019.pdf

Size

1.77 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):62691682bb04d9f5df755e3dab3ca2f5

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify