Геодетска оскултација на браната "Матка"
Date Issued
2017
Author(s)
Златко Србиноски
Златко Богдановски
Abstract
Геодетската оскултација на браните е една од најважните постапки при дефинирањето за степенот на стабилност на една брана.
Браната "Матка" е најстарата брана во Република Македонија и единствен таков објект изграден пред Втората светска војна. Таа е лачна бетонска брана за чија оскултација членовите на Катедрата за виша геодезија беа ангажирани од 2013 год. По низата предложените и извршени подобрувања на геодетската основна мрежа, добиен е континуитет при точното дефинирање на податоците за точките опфатени со оскултацијата.
Со спроведување современи и прецизни методи на мерење и пресметување, геодетските стручњаци преку геодетската оскултација обавуваат важна задача при дефинирањето на податоците според кои се детерминираат периодичните деформации на една брана.

Subjects