Потреба за воведување уставна тужба во правниот поредок на Република Северна Македонија
Date Issued
2023
Author(s)
Спасов, Александар, Чупеска, Ана
Abstract
Документов за јавни политики „Потреба за воведување уставна тужба/жалба во
правниот поредок на Република Северна Македонија“ е анализа на правно-политички-
от контекст и потребата за воведување на правното средство „уставна тужба“ односно
„жалба“ во правниот поредок на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид ге-
нералната заложба за зајакнување на улогата на Уставниот суд на Република Северна
Македонија, како заштитник на човековите права и слободи.
Авторите во документов презентираат компаративна анализа на нормативната рам-
ка за уставна тужба, односно жалба во правните поредоци на Република Словенија, Ре-
публика Хрватска, Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и на Сојузна
Република Германија. Изборот на овие држави, односно на нивните правни поредоци е
поради нивната регионална поврзаност, но и заедничката правно-политичка историја
во подолг временски период со нашава држава. Во случајот на Сојузна Република Гер-
манија, авторите поаѓаат од значајното влијание што германското право, во целина, го
има врз развојот на континентално-правната традиција на која ѝ припаѓа и правниот
поредок на нашава држава, но и поради долгата успешна историја на уставната жалба
во германскиот повоен правен поредок и особено улогата на Сојузниот уставен суд на
оваа држава, како заштитник на човековите права и слободи, со што овој Суд и од исто-
риска перспектива има извонредно важна улога во трансформацијата на германската
држава и општество во развиена и функционална демократија и правна држава, после
ужасните искуства од времето на нацистичката диктатура.
На крај од анализава, авторите презентираат препораки за јавни политики, поаѓајќи
од најамбициозната цел за воведување сеопфатна уставна тужба/жалба преку аманд-
манска промена на Уставот на Република Северна Македонија, на среден, односно на
долг рок, а продолжувајќи со препораки за зајакнување на улогата на Уставниот суд,
како заштитник на човековите права и слободи на краток или среден рок, а пред аманд-
манската промена на Уставот и преку користење на постоечката нормативна рамка или
промена на важечки закони. На тој начин авторите предлагаат препораки што треба да
одговорат на ургентната потреба од јавни политики во оваа област.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
IHR_Dokument_JP_MK.pdf
Size
356.06 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f41d9292286af304c1d1c936bd4fda53