Психосоцијална помош и поддршка на зависници од дрога
Date Issued
2019
Author(s)
Гелева, Драгана
Abstract
Злоупотребата на дрогите, нивното уништувачко дејство не само на поединци туку и на цели групи на претежно млади луѓе, бара брза реакција од општествата насочена кон изнаоѓање на методи ефективни за сузбивање на овој епидимски проблем. Психосоцијалните интервенции се структурирани како психолошки или социјални интервенции кои се користат за решавање на проблеми поврзани со зависници од психотропни супстанции. Тие можат да се користат во различни фази на третманот, за да се идентификува проблемот, да се третира и да се помогне со социјалната реинтеграција. Зависноста од психотропни супатанци е сериозен проблем и само со комбинирање на психосоцијалните методи може да се доведе зависникот кој изразил желба за лечење од фаза на апситенција во фаза на рехабилитација и реинтеграција во социјалната средина и општествениот живот. Успехот на социјалните работници, психолозите и нивните методи ако успеат еден зависник да го вратат на вистинскиот пат не е само нивен успех, туку и успех на општеството. Затоа психосоцијалната работа со зависниците од дрога бара исклучителна посветеност и пожртвуваност лично од самите советници, но и од зависникот, неговото семејство и социјалната средина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
dgeleva2019.pdf
Size
1.55 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f77b3d7ddea7ee9ebd3b337c35850b57
