Оптимизација на микромрежи поврзани на дистрибутивна мрежа со примена на подобрен генетски алгоритам
Date Issued
2024-10
Author(s)
Abstract
Енергетската криза со која се соочува светот денес, како и потребата од чиста и одржлива енергија, ги ставаат микромрежите во центарот на вниманието на истражувачите. Нивната работа има позитивно влијание на работата на електроенергетските системи, но поради стохастичната природа на дисперзираните генератори од обновливите извори кои се поврзани на нив, работата на микромрежите може да има негативно влијание на електроенергетскиот систем доколку не е правилно управувана. Оттука, произлегува потребата за оптимизација на микромрежите. Во овој труд ќе биде разгледан проблемот со оптимално управување со токови на енергија во микромрежа која е поврзана на дистрибутивната мрежа. Методот на оптимизација во овој труд, предлага примена на генетски алгоритам со подобрување во делот на евалуација на потенцијалните решенија и селекција на индивидуи кои ќе генерираат нова генерација. Добиените резултати се споредени со веќе докажани методи за селекција и со тоа се оправдува предложеното подобрување.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ЗЕМАК 2024 НДК, АИ.pdf
Size
603.8 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c87c998e6083ceece5604595af56baac
