Традиционалните наспроти современите македонски свадбени обичаи: компаративна студија
Journal
Зборник на трудови од 45-то издание на „Струшка музичка есен“
Date Issued
2022
Author(s)
Димитријевски, Александар
Abstract
Свадбените обичаи се меѓу најистакнатите и најзачуваните од сите македонски обичаи. Тие се богати со сегменти кои вклучуваат разновидни музички жанрови како извор на интерпретација или едноставно како музичка позадина. Генерално, забележително е дека постојат значајни разлики помеѓу традиционалната и современата форма на македонски свадбени обичаи. Уште повеќе, современата форма покажува прифаќање на нови обичаи и отфрлање на некои од старите. Како резултат, музичкиот репертоар претрпел значителна трансформација. Во тој контекст, овој труд се фокусира на специфичниот случај на промени помеѓу традиционалните и современите македонски свадбени обичаи и особено на промените во музичкиот репертоар. Во овој труд ќе се обидам да ги детерминирам основните сегменти и промените на споменатите свадбени обичаи, а особено степенот на трансформација на музичкиот репертоар.
Subjects
