Градот Лихнид и провинцијата Нов Епир во контекст на словенските продори и населување на Балканот (VI-VII век)
Journal
Monumenta
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Навлегувањата и населувањето на словенскиот етнички елемент на Балканот зазема посебно место во рамки на исклучително богатото историско минато на доцноантичкиот Лихнид и средновековниот Охрид. Но исто така е евидентно дека недостасуваат конкретни пишани изворни податоци кои на задоволителен начин би ги расветлиле тие настани. Токму затоа се обидуваме со примена на интердисциплинарни методи да се осврнеме на одредени прашања поврзани со рановизантиската административна управа и закономерностите на историската географија кои досега не биле предмет на посериозен научен интерес. Исто така во компаративна функција се применуваат сознанијата добиени од историските истражувања на други градови и области во Македонија и пошироко, како и поново публикуваните наоди од археологијата и нумизматиката. На тој начин се надеваме дека даваме скромен придонес кон расветлување на историјата на градот Лихнид во VI-VII век.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
filiposki_gradot_lihnid.pdf
Size
1.43 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):95be0d496b4ebd997c23aa465a4c584d
