Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Во меѓународната заедница се судираат различни и противречни
општествени и политички сили, кои согласно своите интереси и цели ги менуваат
постоечките општествени односи во глобалното општество. Улогата на силата,
особено воената, ќе биде пресудна во воспоставувањето на релациите при меѓународните
спротивставености. Анализирањето на тенденциите во развојот на воениот фактор се
наметнува како потреба за подготовка за спротивставување на евентуално воено
насилство од големи размери. Истражувачките прашања на кои во овој труд е направен
обид да се одговори се: Како процесот на глобализацијата ќе влијаае врз безбедноста?!;
Која е иднината на воените сојузи?!; и Каква е поврзаноста на светската економска криза
и меѓународниот мир?! Ниту едно од овие прашања не може да се разгледува независно од
новиот моментум на трката во вооружувањето. Во позадина на овие процеси е
тенденцијата за еднострана воена надмоќ и контрола. Настапува период на
триполаризам во меѓународните односи. Мешањето во внатрешните работи на
економски послабите земји ќе биде основна ориентација на голeмите сили и во наредните
декади. Ново европско кризно жариште е помалку веројатно, наспроти зголемената
веројатност за пренесување на „борбените“ дејства во ниската вселена. Пронаоѓањето
на вистински и долготрајни решенија за зачувување на глобалниот мир мора да биде
императив во активноста на меѓународно признатите институции.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот.pdf
Size
450.78 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bf2a3caab182aabf042f1d0a600e9a49