Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Economics
  3. Faculty of Economics 01: Books / Книги
  4. Еврото и надворешнотрговската размена на Европската унија
Details

Еврото и надворешнотрговската размена на Европската унија

Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Европската унија учествува со околу една петтина во вкупната светска трговија со
стоки, што ја прави најголем трговски „играч“ во светот. Таквата позиција е резултат на
постоењето на внатрешниот пазар и Заедничката надворешнотрговска политика, што ѝ дава екслузивно право и моќ на Европската унија да ги застапува интересите на земјите – членки во мултилатералниот трговски систем и да преговара како еден ентитет. Делокругот на надворешнотрговската политика дополнително се проширил со Договорот од Лисабон, со што ја вклучил трговијата со услуги, странските директни инвестиции и заштитата на правата на интелектуалната сопственост.
Впрочем, прераснувањето во Европската монетарна унија и воведувањето на еврото е
засновано на здравите темели на внатрешниот пазар. Унијата верувала дека креирањето на
вистински обединет пазар со единствена валута ќе ѝ помогне поефикасно да ги брани своите економски интереси. Сепак, постоеле одредени недостатоци во создавањето и функционирањето на Европската монетарна унија што биле потенцирани со почетокот на светската финансиска криза во средината на 2008 и почетокот на 2009 година. Со оглед на актуелноста на разгледувана тематика, сметав дека објавувањето на овaa монографија ќе даде скромен научен придонес во областа на Европската интеграција. Како посебен научен придонес на оваа монографија го истакнувам фактот што претставува редок
обид да се анализираат слабите точки и сензитивноста на економијата на ЕУ, давајќи притоа
препораки за идните насоки и очекувања што ги имаат земјите од Западен Балкан, пред сé на Р. Македонија за идно членство во Унијата.
Subjects

евро

надворешнотрговска по...

светска финансиска кр...

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify