Применa на 3D-Plan-View модел за филтрациона анализа на дисконтинуиран дренажен систем кај брани на нестеновити основи
Date Issued
2021
Author(s)
Љупчо Петковски, Стевчо Митовски, Фросина Пановска
Abstract
При истражување на филтрацијата во нестеновити основи кај браните најчесто задоволителни резултати се добиваат со 2Д анализи. Меѓутоа, доколку се истражува варијанта на дисконтинуиран дренажен систем, составен од вертикални бунари кои не се преклопуваат, тогаш клучен параметар е оскиното растојание помеѓу бунарите. За определување на ова растојание е неопходен 3Д модел.
Филтрационата анализа на дисконтинуиран дренажен систем со 3Д модел мора да е за исти гранични еквипотенцијални услови и ниво на вода во приемниот дел на дренажата како и анализата со 2Д модел, која се применува за континуиран дренажен систем. 2Д анализата е неопходна за калибрирање на апроксимативен 3Д модел (Plan View), но и да може да се споредуваат добиените резултати за различните алтернативни решенија за дренажниот систем. Методологијата со примена на Plan View модел е илустрирана со анализите на филтрацијата за избор на оптимално решение за санација на неповолните појави кај браната „Лисиче“, Велес.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
08 5 Kongres za brani2021.pdf
Size
4.04 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):43fb25a61fbb5d8504037c0c8ab3e3f4