ПРОДУКТИВНОСТА НА ТРУДОТ И РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД
Journal
Годишник на Економски факултет-Скопје
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Трудот има за цел да го испита односот помеѓу продуктивноста на трудот и реалните нето-плати во Република Македонија, како на ниво на целата економија, така и во секторите индустрија и земјоделство, во периодот 2006-2014 год., односно непосредно пред започнувањето и по Големата светска економска криза. Во трудот се тргнува од претпоставката дека поголемата продуктивност на трудот предизвикува промени во реалните нето- плати и дека таквите промени се во иста насока. Истражувањата што се претходно направени, покажуваат дека во периодот 1995-2003 година постои изразена квантитативна врска помеѓу продутивноста на трудот и реалните нето-плати во Република Македонија. Но, добиените резултати од истражувањето во овој труд покажуваат дека помеѓу продуктивноста на трудот и реалните нетоплати во анализираниот период не постои изразена квантитативна врска, па дури и нивните релации се со спротивен предзнак. Ова упатува на заклучок дека промените во продуктивноста на трудот не влијаеле или, пак, влијаеле многу малку, а во некои случаи влијанието е во спротивна насока, врз реалните нето-плати во Република Македонија и врз животниот стандард на граѓаните.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет-Скопје 2015.pdf
Size
8.73 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):11fcf06b86bd70a47f2c675756fdae6b
