МЕТОДОЛОГИЈА И Е-КАЛКУЛАТОР ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ДОМОВИТЕ
Journal
Зборник на трудови - Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?
Date Issued
2019
Author(s)
Dedinec, Aleksandra
Дединец, Александар
Тасеска-Ѓоргиевска, Верица
Марковска, Наташа
Здравева, Павлина
Белчовска Тасевска, Јасмина
Коцарев, Љупчо
Каневче, Глигор
Abstract
Еден од значајните извори на загадување во градот Скопје е загревањето на домаќинствата. Со цел
да се намали загадувањето од овој сектор, потребно е да се преземат мерки, како што се подобрување на
изолацијата на домовите и промена на начинот на греење, односно на неефикасните технологии кои се
користат. Во главно, најголемиот дел од средствата за реализација на ваквите мерки доаѓаат од самите
граѓани. Во таа насока е и целта на развивањето на методологијата и е-калкулаторот предложени во овој
труд, со што целиот концепт ќе им се доближи на граѓаните. Имено, со помош на развиената софтверска
алатка им се нуди можност да оценат како одлуките за типот и дебелината на изолација и типот на
технологија за греење влијаат врз вкупната потрошувачка на енергија. Заедно со тоа, се дава приказ и за
влијанието на овие одлуки врз трошоците што ги има домаќинството за загревање, како и нивното влијание
врз животната средина. Всушност, со помош на оваа алатка на секое поединечно домаќинство му се
овозможува да согледа кој начин на загревање е најсоодветен за нив, истовремено заштедувајќи и енергија
и финансиски средства, а се разбира и намалувајќи го штетното влијание врз животната средина.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
[2].pdf
Size
795.87 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):15016eed7f2dd75a3abea02ab86cd446