Музичкиот сегмент во обредот „Истерување на чумата“ – студија на случај од с.Истибања, Источна Македонија
Date Issued
2015
Author(s)
Димитријевски, Александар
Abstract
Македонискиот музички фолклор е комплексен ентитет со различни нивоа на претставување. Тој е богат со обреди и обичаи кои вклучуваат разновидни музички примери. Случајот со обредот „Истерување на чумата“ со неговото испреплетување на духовните и световните сегменти прикажува уникатен пример на амалгам помеѓу пагански, православни христијански и локални народни верувања и обичаи. Едно го главните прашања е: дали музиката во овој пбред претставува основен извор на интерпретација или едноставно постои како музичка позадина? Во овој труд ќе се обидам да ја детерминирам трансформацијата на обредот и значењето на музичкиот сегмент во рамките на неговата изведба.
