Автономијата на волјата на странките во меѓународното приватно процесно право
Date Issued
2021
Author(s)
Дескоски Тони; Доковски Вангел
Abstract
Во трудот, авторите прават анализа на автономијата на волјата во меѓународното приватно процесно право. Во делот на автономијата на волјата, наведено е дека денес истата сè повеќе се прифаќа како основ за воспоставување на избрана меѓународна судска надлежност. Допуштеноста и ограничувањата на волјата на странките, во насока на избор на надлежен суд, денес се регулираат и во националните закони за меѓународно приватно право, но и во Регулативата Брисел I (Новела) и Хашката конвенција за договорите за избор на надлежен суд од 2005 година. Процесноправниот облик, автономијата на волјата го добива преку спогодбата за избор на надлежен суд, која пак доколку се разгледува од теоретско-правен аспект, можеме да заклучи дека е составена од три конститутивни елементи: автономија на волја, согласност на автономија на волјата и цел која се постигнува со автономијата на волјата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Автономијата на волјата на странките во меѓународното приватно процесно право .pdf
Size
975.91 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4e3b98f719112b28380fe2583f6fa9d8
