ВРАБОТЕНОСТА И ПРОДУКТИВНОСТА ВО СЕКТОРОТ ИНДУСТРИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Целта на истражување во овој труд е вработеноста и продуктивноста во секторот индустрија во Република Македонија. Во трудов посебен осврт се прави на инвестициите во фиксен капитал во секторот индустрија, како и нивното влијание врз продуктивноста и вработеноста. Се тргнува од претпотавката дека инвестициите во фиксен капитал ја детерминираат маргиналната продуктивност на трудот, а таа пак ја детерминира побарувачката на трудот и вработеноста во секторот индустрија. Со други зборови, поголемите инвестиции во фиксен капитал ќе ја зголемат маргиналната продуктивност на трудот, тоа ќе ја зголеми побарувачката на трудот и вработеноста. Резултатите од истражувањето покажуваат дека земјите каде инвестициите во фиксен капитал имаат поголемо влијание врз продуктивноста, имаат повисока вработеност од земјите каде влијанието на инвестициите во фиксен капитал врз продуктивноста е мало. Но, добиените резултати за индустријата во Република Македонија се доста неповолни, ама исто така и очекувани, имајќи предвид дека инвестициите во основни средства по вработен, во индустријата во Македонија, особено по големата рецесија од 2007 година се речиси непроменети. Ниското ниво на инвестиции во основни средства по вработен во индустријата во Македонија се сериозна пречка во создавање на нови работни места во индустријата и зголемување на реалниот аутпут на македонската економија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет-Скопје 2018.pdf
Size
8.59 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7748b8a3dfb38531dc43561f21f0ac94
