Новитети на Законот за меѓународно приватно право во однос на определувањето на меродавното право за семејните односи
Date Issued
2022-05-12
Author(s)
Abstract
Законот за меѓународно приватно право од 2020 година претставува темелна реформа на нашето национално меѓународно приватно право. Реформите настанаа како резултат на целосната хармонизација на македонското МПП со МПП на ЕУ при што решенијата во Регулативите на ЕУ поврзани со прекуграничните семејни односи беа инкорпорирани во дoмашните правни правила. Тоа значи, инфлација на прописи, кои создаваат определена потешкотија во апсорпцијата од страна на праксата и разбирањето на овие правила е од огромно значење ако се има предвид дека семејните односи со странски елемент се најзастапени случаи во Република Македонија во делот на МПП. Разводот на бракот, односите на родителите и децата, издржувањето се само едни од правните односи кои претрпеа промена. Оваа статија има за цел да даде пресек на решенијата поврзани со МПП во семејните односи и да ги детектира слабите точки кои можат да направат проблеми во праксата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Апстракт Илија Руменов, Новитети на ЗМПП во однос на определувањето на мердавното право за семејните односи, Охрид 2022.pdf
Size
324.5 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):11f89dce59ab734871f3cbd3b78c947c
