Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје, 2016
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Продуктивноста на трудот има важна улога во формирањето на конкурентноста на одреден сектор или на целата економија и помага во создавањето на потребните услови за економски развој. Целта на овој труд е да се анализираат промените во нивото на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија во периодот од 2006 до 2015 година. Земјоделството игра клучна улога во развојот на националната економија во Македонија како трет најголем сектор по услугите и индустријата. Со цел да се зголеми продуктивноста на трудот во земјоделството, потребно е да се зголеми земјоделското производство, односно делот од бруто-домашниот производ создаден од секторот земјоделство. Во таа насока, во овој труд се анализира и зависноста помеѓу продуктивноста на трудот во земјоделството и бруто- домашниот производ и вработеноста во земјоделството. За таа цел, користени се следниве методи на анализа: дескриптивна статистика, метод на синтеза, метод на анализа, анализа на корелација и анализа на регресија. Резултатите покажуваат дека промените во бруто-домашниот производ во секторот земјоделство во Македонија во анализираниот период имаат поголемо влијание врз продуктивноста на трудот во земјоделството, споредено со промените во бројот на вработени во секторот земјоделство.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет - Скопје, 2016.pdf
Size
9.24 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e59c6b09164867975153f572d0357b2f
