Заштита на критичната инфраструктура од асиметрични закани
Date Issued
2024-10-31
Author(s)
Стефанова, Марија
Abstract
Безбедноста како поим може да се дефинира на повеќе начини зависно од кое гледиште е набљудувана, но сигурно е дека истата е систем во кој се заштитува територијалниот интегритет на една држава и нејзиниот суверенитет. Кога една безбедна средина доаѓа во допир со закана или постои ризик од закани (надворешни / внатрешни) тогаш не можеме да зборуваме за безбеден систем.
Овој магистерски труд ќе се фокусира врз анализирање на безбедноста како нужност на една држава, и како асиметричните закани влијаат врз критичната инфраструктура која е основна физичка и организациска структура на едно општество, а е истовремено важна за непречено функционирање на истото.
Главни прашања на кои треба да даде одговор овој магистерски труд се следните:
Прво: Што е безбедноста и како се обезбедува истата?
Второ: Што се асиметричните закани и како тие влијаат врз безбедноста и критичната инфраструктура?
Трето: Како да се заштити критичната инфраструктура од асиметричните закани?

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Марија Стефанова - Заштита на Критична инфраструктура 28.09.2024 (1).docx
Size
186.54 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):b1ca002839f34f3ed2408fec765b0fbb