Доброто против Злото? Војната против тероризмот и ИСИС
Journal
Годишник во чест на проф. д-р Димитар Бајалџиев, Том 60
Date Issued
2021
Author(s)
Стојковски, Љупчо
Abstract
Од 2014-та ИСИС доминира во јавниот дискурс. Политичарите, медиумите и безбедносните експерти редовно посочуваат на заканата која овој феномен ја претставува и го опишуваат како најновиот најголем непријател на човештвото. Меѓутоа, ако внимателно разгледаме три клучни фактори преку може да се процени силата на ИСИС – опсегот на територијата која ја контролира, бројот на борци и на извршени напади – ќе забележиме дека ИСИС не е е толку моќен или сеприсутен како што е јавната перцепција за него. Зошто е тоа така? Зошто ги перцепираме и конструираме нашите непријатели како многу помоќни отколку што тие реално се? Овој труд смета дека тоа е последица на длабоко вкоренетиот религиски наратив за битката на Доброто против Злото. Како резултат на оваа религиска матрица, како и на човековата пристрасна себе-перцепција дека сме добри индивидуи, ние го негираме злото како човечка карактеристика. Ова, од своја страна, продуцира утописки очекувања за нашето справување со злото и ние завршуваме во магичниот круг на вечната битка.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Стојковски, Доброто против Злото -Војната против тероризмот и ИСИС.docx
Size
46.95 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):bb88a5b89e7a548427000e074880a097
