Влијание на системите на наградување врз мотивацијата на вработените
Date Issued
2019-05
Author(s)
Simov Mishoska, Jasmina;
Petrevska, Biljana
Abstract
Системите на наградување се од суштинско значење за мотивацијата од работата на вработените. Мотивираните вработени се основа за компаниите коишто се стремат кон успех. Доколку вработените се мотивирани од системот на наградување, тогаш тие посветено ќе го даваат максимумот во својата изведба на работата, а со тоа ќе се постигнат организациските цели. За да ова се постигне во компанијата, менаџментот има свој придонес. Сето ова изгледа како еден магичен круг што не би можел да се затвори без еден елемент и да се постигне соодветен систем на наградување којшто влијае да се создадат мотивирани вработени. Целта на овој труд е да го истражи и покаже влијанието на системите на наградување врз мотивацијата од работата на вработените. Истражувањето е поткрепено со широка лепеза на литература компатибилна на целта на истражувањето од истакнати автори од областа на истражувањето. Резултатите од истражувањето во овој труд укажуваат на тоа дека системите на наградување претставуваат основна алатка за влијание врз мотивацијата на вработените, и оттаму на создавањето на мотивирани вработени кои испорачуваат резултати за својата компанија во која што работат.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
17. Jasmina Mishoska Simov, Biljana Petrevska, BAS 2019.pdf
Size
20.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):1c1889fe7169b86b2e26be006e0fc476
