(Управно)судска заштита на правото на квалитетен амбиентен воздух
Journal
Зборник на Охридската школа на природно право 2019-2021 година „Societas et Sciencia“
Date Issued
2022
Author(s)
Павловска-Данева, Ана
Битраков, Константин
Abstract
Не постои потреба особено да се елаборира дека правото на (дишење) квалитетен амбиентен воздух претставува едно од фундаменталните човекови права. Евидентно, правото на квалитетен амбиентен воздух тангира и бројни други човекови права. Тука
особено би се издвоиле правото на живот и правото на чување и унапредување на сопственото здравје. Како такво, правото на квалитетен амбиентен воздух имплицира повеќе обврски за државите. Односно, државите мораат да преземаат извесни дејствија со цел индивидуите ефективно да го уживаат правото на квалитетен воздух. Овие обврски ги сумира Специјалниот известувач за човековите права и животната
средина на Обединетите нации во својот извештај A/HRC/40/55. Помеѓу нив се јавува и обврската за развој, усвојување и спроведување на планови за зашита на воздухот. Ваква обврска е предвидена во Законот за квалитетот на амбиентниот воздух на Република Северна Македонија. Сепак, практиката покажува планови за заштита на амбиентниот воздух не се донесуваат (што значи дека, сосема логично, не се ни спроведуваат). Оттука, во овој труд се поставува прашањето – дали граѓаните на Република Северна Македонија имаат на располагање судска заштита во случај кога јавните органи не ги исполнуваат своите законски обврски, односно не донесуваат планови за заштита на амбиентниот воздух? Основната хипотеза, пак, е дека судската
заштита може да ја пружаат управните судови во управен спор. На таа линија се и компаративните примери понудени во текстот.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Societas-et-Scientia-2020-2021.pdf
Description
Цела книга
Size
2.15 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ac271061fe7e42bbaa16c7ec2eb8e876