ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕСТАНОКOT НА РАБОТНИОТ ОДНОС СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ
Journal
ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ, LIBER AMICORUM ВО ЧЕСТ НА ПРОФ. Д-Р АРСЕН ЈАНЕВСКИ
Date Issued
2023
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Прашањето за правните последици од престанокот на работниот однос со отказ од
страна на работодавачот е прашање во кое се вкрстуваат материјално-правните и про-
цесно-правните нексуси на трудовото право. Предмет на анализа во трудот се правните
последици од престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавачот
кои можат да бидат различни, во зависност од тоа дали отказот е законски (допуштен)
или незаконски (недопуштен), односно дали во конкретниот случај постои или не по-
стои основана (оправдана) причина за отказ и дали се исполнети или не се исполне-
ти останатите претходни барања пред отказот. Во контекст на правните последици од
законскиот престанок на работниот однос, авторите се осврнуваат на прашањата за
испратнината и паричниот надоместок за невработеност на отпуштените работници.
Што се однесува, пак, до правните последици од незаконскиот престанок на работниот
однос, предмет на анализа се правата и можностите кои му стојат на располагање на
работникот во постапката за поништување на незаконскиот отказ, а тоа, првенствено,
се враќањето на работа и/или надоместокот на штета.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
godisnik-tom-61-arsen-janevski-1.pdf
Size
1.17 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ca1abd6b3da2a4d6c3851b062b0f309e