Педагошкиот дизајн на учебниците во функција на учењето
Date Issued
2021
Author(s)
Ќурчиевска, Aлександра
Abstract
Учебникот се смета за еден од најважните ресурси за учење на учениците во образовниот систем. Содржината на учебниците има важна улога во охрабрувањето и обезбедувањето на образовните потреби на ученикот, како и при олеснувањето на процесот на учење. Оттука содржината и графичкиот дизајн на учебниците во основното училиште е оценета и анализирана од аспект на мотивацијата на ученикот за учење. Ова истражување нѝ ги даде одговорите на следниве прашања: 1. Каков е квалитетот на содржината и графичкиот дизајн на учебниците кои се во употреба од прво одделение до петто одделение? 2. Колку влијаат квалитетот на содржината и графичкиот дизајн на учебниците од прво одделение до петто одделение врз мотивацијата на учениците? Во ова истражување доминира дескриптивниот метод поради тоа што е направена анализа на моменталните состојби со воопштување и споредување, додека како техники во ова истражување се користени: интервју со графички дизајнери на учебник, анкетирање на наставници, ученици и родители, како и скалирање на податоците. „Дескриптивноста, како карактеристика на квалитативните истражувања, е условена од целта на истражувачот да се приближи до испитаниците и да разбере што точно тие мислат за одредени општествени проблеми или ситуации.“ (Галевска, 1998) Од добиените резултати од спроведеното истражување можеме да донесеме заклучок за моменталниот квалитет на содржината и графичкиот дизајн на учебниците. Истовремено, можеме да ги одредиме клучните аспекти каде е потребно делување за нивно подобрување во иднина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
akjurcievska2021.pdf
Size
2.84 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):47bef4bd0275202a70db3cc91bf2b195
