ВРАБОТЕНОСТА И ПРОДУКТИВНОСТА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКАТАТА УНИЈА
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Целта на трудот е да го испита влијанието на инвестициите во фиксен капитал врз продуктивноста и врз вработеноста во земјите од Западен Балкан во периодот 1992-2016 година. Покрај земјите од Западен Балкан1 кои се во процес на пристапување кон Европската Унија, во трудот е анализирана и Хрватска, која беше дел од Западен Балкан, но од 2013 година е член на ЕУ, како и Германија и Франција, како две најголеми економии во рамките на Унијата. Во трудот се тргнува од претпоставката дека инвестициите во фиксен капитал ја детерминираат маргиналната продуктивност на трудот, а таа,пак, ја детерминира побарувачката на труд и вработеноста. Со други зборови, поголемите инвестиции во фиксен капитал ќе ја зголемат маргиналната продуктивност на трудот, тоа ќе ја зголеми побарувачката на труд и вработеноста. Резултатите од истражувањето покажуваат дека земјите каде инвестициите во фиксен капитал имаат поголемо влијание врз продуктивноста, имаат повисока вработеност од земјите каде влијанието на инвестициите во фиксен капитал врз продуктивноста е мало
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет-Скопје 2017.pdf
Size
6.2 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3cfaadb5595874abcb2c8e0e9cd61937
