Креативна организациска клима и мотивација на вработени во приватен сектор
Date Issued
2022
Author(s)
Бимбилоска, Тања
Abstract
Во денешните современи услови на делување станува императивна потребата организациите да бидат постојано "будни", односно да бидат во тек со промените кои постојано се воведуваат, да бидат креативни и да воведуваат новини за да опстанат на пазарот. Глобализацијата со себе носи промени кои пак предизвикуваат огромни промени на пазарот. Креативната организациска клима ја создаваат и поттикнуваат менаџерите заедно со вработените кои се одговорни за целокупниот процес на фукнционирање на организацијата. Мотивацијата е темел на секојдневното функционирање и претставува движечка сила која ги поттикнува вработените на одредени однесувања, а токму поттикнувачи на овој процес се менаџерите, чија основна цел се човечките ресурси, односно вработените, грижата за нив, како и постигнувањето конкурентска предност, развивање креативна организациска клима, задржување на вработените во организацијата и успешно справување со кризи. Неопходно е менаџерите да се грижат за своите вработени и една од нивните главни преокупации треба да биде мотивацијата на човечките ресурси во организацијата, што би придонело за создавање пријатна работна атмосфера, а со тоа и напредок, конкурентна предност и профит во организацијата. Целта на овој труд е е да ја утврди поврзаноста на креативната организациска клима со мотивацијата (екстринзична и интринзична) на вработените во приватниот сектор.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
tbimbiloska2022.pdf
Size
1.13 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):69f75597541755d2aaff0da966a04aa6
