Развој на инклузивен пристап кон лицата со попреченост во Република Северна Македонија
Date Issued
2022
Author(s)
Abstract
Образованието има улога да го менува животот на сите луѓе ширум светот, отворајќи можности и потенцијали за развој и промени. Но, и покрај тоа што е важно, не е доволно едноставно само да се внесат децата во училиште. На децата им треба квалитетно образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат нивните можности да станат среќни, здрави, успешни и членови на општеството кои ќе придонесуваат за нивен личен но и за развојот на општеството.
Трудот има за цел да направи еден ретроспективен преглед на образова-нието на лицата со попреченост во Република С. Македонија, правејќи истовремено корелација со начинот на реализација и промените во образовниот систем на лицата со пречки во развојот низ различни земји во светот. Применети се методот на компаративна анализа и методот на генерализација, а како техники се применети анализа на литература, законски и правни докумен-ти, легислативи и регулативи, воспитно-образовни програми и стратегии.
Анализите посочуваат дека во Р. С. Македонија иако постојано се прават напори за подобрување на воспитно-образовниот систем во целина, а во наш контекст и за лицата со попреченост, може да се констатира дека промените се парцијални без доволно проценување, анализа и детерминирање на реалната состојба, достапни ресурси и можности, што индиректно води до импровизирање и оставање на простор за голем број на последици.
Иако инклузијата има неспорно позитивни страни, не треба секогаш да се смета дека таа е најдобар избор за секое дете.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Развој на инклузивен пристап кон лицата со попреченост во Р.С.pdf
Size
4.63 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c88faaead13159675150955fe14c582e