Финансиски развој и економски раст во Југоисточна и Централна Европа: Доказ за панел коинтеграција
Journal
Годишник на Економскиот факултет – Скопје
Date Issued
2017
Author(s)
Стојкоски, Виктор
Попова, Кристина
Abstract
Почнувајќи од Шумпетер, макроекономистите тврдат дека финансискиот развој има силен и директен ефект врз долгорочното богатство на една нација. Во овој труд, емпириски се тестира оваа врска на панел податоци од 16 земји од Југоисточна и Централна Европа, за периодот од 1995-2014 година преку техниката на панел коинтеграција. Откриваме, дека финансискиот развој има позитивен ефект на бруто домашниот производ по глава на жител. Ефектот е статистички значаен и е економски голем, заради тоа што е близу двапати поголем од ефектот на бруто капиталните инвестиции врз бруто домашниот производ по глава на жител. Дополнително, тестовите на панел коинтеграција упатуваат на можна ендогена врска помеѓу променливите.
Subjects
