Улогата на производствената структура во економскиот раст на државите од Југоисточна и Централна Европа
Journal
Годишник на Економскиот факултет – Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Стојкоски, Виктор
Abstract
Индексот на економска комплексност е создаден преку анализа на врските
помеѓу државите и производите кои ги извезуваат. Претставен на овој
начин, тој ја дефинира основата за теоријата на економска комплексност
која го рефлектира знаењето содржано во производствената структура
на една економија. Токму знаењето е во сржта на ендогената теорија за
економски раст. Досега, сите трудови кои економетриски ја анализираат
врската помеѓу економската комплексност и растот користат техники
во кои сите држави се вреднуваат еднакво. Меѓутоа, државите се
хетерогени – имаат свои карактеристики кои директно ја охрабруваат
комплексноста и се во тесна врска со растот. Поради тоа, во овој труд
анализата е свртена кон еден регион – Југоисточна и Централна Европа, и,
во духот на ендогената теорија, создаден е модел кој адекватно ја опфаќа
врската помеѓу растот и економската комплексност. Резултатите
покажуваат дека економската комплексност е статистички значаен
објаснувач на економскиот раст и создава огромни економски импликации.
Сето ова покажува дека економската комплексност открива структура
која се залага за развивање на долгорочни стратегии во државите. Овие
стратегии служат за развој на производи како начин за акумулирање
на способности кои ќе помогнат за воспоставување на долгорочен
просперитет и општ развој на нивните економии.

Subjects