Дисфункционалност на семејството и разводот: Ефекти врз развојот на децата и адолесцентите
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Во овој труд се разгледуваат карактеристиките на семејството како примарен агенс на социјализација и прва надворешна реалност за поединецот. Притоа, посебен акцент е ставен на дисфункционалните семејства и на негативните ефекти од живеењето и
растењето во вакви семејства. Во исто време, во трудот се разгледува и разводот од аспект на појавностите и последиците, како и неговото влијание врз развојот на децата и адолесцентите. Познато е дека зголемувањето на стапката на разводи е глобален тренд и дека помалку или повеќе ги засега речиси сите општества. Иако разводот е стресен настан за сите членови на семејството, кога се во прашање децата емпиријата и праксата покажуваат дека доколку родителите успеат конструктивно да го изменаџираат стресот кој го следи разводот, голем број деца не развиваат негативни симптоми од разводот.
Дисфункционалноста на семејството, лошите и несоодветни економски услови, присуството на семејно насилство, запоставувањето на децата и незадоволувањето на нивните базични потреби, присуството на психички растројства кај едниот или двата родители, како и многу други ризик фактори го попречуваат, па дури и го оневозможуваат оптималниот
развој на децата и адолесцентите. Резултат од ова неретко се (авто)деструктивни однесувања кои можат да доведат до престапничко однесување и имаат сериозни последици по животот и безбедноста на самиот поединец и на останатите луѓе од неговата непосредна и подалечна средина.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Disfunkcionalnost na semejstvoto i razvodot_new.pdf
Size
2.96 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f474620aafcdf12b48b331e931fd6d8c