Како едукацијата и работното искуство влијаат на претприемачките намери на студентите?
Journal
Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 53 (2018)
Date Issued
2018-11
Author(s)
Abstract
Повторно се истакнува големиот интерес кон претприемништвото на истражувачите кои се интересираат за бизнис и економија, а се разбира истото важи и за креаторите на политиките. Особено, претприемничкото образование, односно едукација, се смета за еден од клучните инструменти за интензивирање на претприемачките ставови на потенцијалните претприемачи. Прептриемништвото и во таа смисла, генерирањето на претприемничките намери, е централна тема во ова истражување. Притоа променливите кои имаат улога да го детерминираат генерирањето на претприемачката намера, се однесуваат пред сè на образовниот контекст, поточно едукацијата и истовремено работно искуство кое го поседуваат испитаниците. Истражувањето беше спроведено во периодот од март до јуни 2018 година, помеѓу студенти на прв циклус студии на Економскиот факултет во Скопје. Вклучени се вкупно 420 испитаници од кои се генерирани 398 одговори кои се апликабилни за соодветна анализа. Методите Independent-samples t-test и Mann-Whitney U test се користатза да се утврди дали постои разликата помеѓу одделните групи во
секоја од испитуваните варијабли. Резултатите несомнено укажуваат на тоа дека степенот на претприемничките намери е статистички значително повисок кај студенти кои учествувале во дополнителни едукативни активности кои се поврзани со претприемништво, отколку кај студенти кои не учествувале во дополнителни едукативни активности кои се поврзани со претприемништво

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik2018finalAJ.pdf
Size
383.38 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a6d642f423c12e0f01aebffcfcf651a2