Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Во текстот се разгледани ставовите на Нумениј за статусот на двата, односно трите бога, во неговиот онтолошки систем. Во релација со изворното учење за трите бога накратко е споменат проблемот на неговата теориска инклинација кон Истокот, особено кон јудаизмот. Наведени се главните поенти од онтолошката заднина на поставувањето и карактеристиките на боговите – со поставувањето на Бог и Материјата, претпоставената хиерархизација на божественото според функциите, и статусот на демиургискиот принцип. Затоа, односот меѓу Првиот Бог и Вториот Бог, и можната поделеност на Првиот, или, поверојатно, Вториот Бог во два бога се разгледани низ соодветните примери од сочуваните фрагменти од делата на Нумениј. Покажана е дистинкцијата меѓу Првиот Бог, едноставен, самотен и фокусиран на себеси, и Бог кој е поделен на Втор и Трет Бог, односно космосот како производ на Вториот Бог. Идеите за поделеноста на Бог од страна на Материјата се накратко изложени, како и идеите за еквиваленцијата на Врховниот (Првиот) Бог со Доброто, и примањето на добрината од страна на Демиургот. Разгледани се тврдењата според кои може да се смета дека Првиот Бог, принципот на постоењето, владее со (сферата на) битието, а Вториот Бог, пак, со подрачјето на настанувањето. Површно се разгледани разлозите за сложеноста на теолошката концепција на Нумениј, и начините според кои конфузијата би можела да биде надмината.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
04 32a Ucenjeto za bogovite vo ontologijata na Numenij_GZ FZF 20_todorovska_MK verzija.pdf
Size
379.28 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b7f9190011f8992fad52cea3e9c4eafc
