Инклузија на учениците со аутистичен спектар на нарушувања
Date Issued
2014
Author(s)
Митевска, Александра
Abstract
Вовед: Успешна инклузија на учениците со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) во редовните училишта претставува голем предизвик и неисцрпен извор на истражувања и научни дискусии за сите инволвирани во овој екстремно комплексен процес. Личните ставови, однесувањето и професионалноста, како на наставниците така и на стручниот тим, се од витално значење во процесот на инклузија воопшто, па и на учениците со АСН.
Методологија: Основна цел на истражувањето е да се испита колку наставниците, стручниот тим и, воопшто, целата училишна средина се подготвени за инклузија на децата со АСН. Основни задачи на истражувањето се: да се утврди нивото на подготвеност на наставниците за прифаќање на учениците со АСН, како и подготвеноста на стручниот тим да одговори на повикот за помош од страна на наставниците во случај на потреба од тоа, како и влијанието на ставовите, искуствата и знаењата на наставниците и стручниот тим во процесот на инклузија. За обработка на податоците беа користени компаративниот
метод и методот на дескриптивна анализа, а истите беа добиени со употреба на прашалник за инклузија на деца со АСН.
Резултати: Едномесечното истражување опфати 72 испитаника, од кои 36 наставници во редовни училишта во кои е започнат процесот на инклузија, 36 члена на стручните тимови во истите редовни училишта и дефектолози од две посебни училишта. Поголемиот дел од испитаниците се согласиле дека децата со АСН треба да бидат инклузирани во редовните училишта (92,8%) и дека за учениците со АСН е многу важно да добиваат посебни образовни услуги (88,4%). Само 26% од испитаниците се сложиле дека учениците со типичен развој имаат корист од комуникацијата со ученици со АСН (26,4%).
Заклучоци: Според добиените резултати, сè уште немаме цврста подлога за вистинска инклузија на ученици со АСН.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Mitevska-Trajkovski-Inkluzija na uchenicite so ASN-Ohrid conference-2013.pdf
Description
PDF
Size
259.21 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):96202a3e63e2c162e9b0ce2bab13bc3f