Играта кај деца со посебни потреби
Date Issued
2018
Author(s)
Тошески, Костадин
Abstract
Овој магистерски труд има два суштински дела: теоретски и истражувачки дел. Целта е да се потенцира суштинското значење на играта кај децата со посебни потреби и позитивното влијанието кое го има таа за подобрување на состојбата кај овие деца. Ставен е посебен акцент на потешкотиите и ограничувањата со кои децата со посебни потреби се соочуваат во нивното секојдневие, а самата оваа проблематика беше иницијатор за започнување на ваквото истражување. Што се однесува на Истражувачкиот дел, дадена е методологијата на истражувањето и притоа се дефинира самото истражување како современо, применето, општествено, интердисциплинарно, трансферзално. Се дефинира и предметот на истражување, целта и карактерот на истражувањето, хипотезите, методите, техниките и инструментите, местото, времето, оргранизацијата и самиот тек на истражувањето и на крај, се разбира, анализата на податоците и нивниот графички приказ. Примерокот на истражување го сочинуваат 130 деца, сите на возраст од 3 до 10 години, поделени во три категории: 40 од испитаниците страдаат од церебрална парализа, 50 деца имаат Down синдром и 40 деца имаат аутизам. Во истражувањето се користеше дескриптивниот метод, а како техники беа искористени анализа на документацијата и анкетни прашалници. Од анализата и интерпретацијата на добиените резултати докажавме дека пречките во развојот кај децата предизвикуваат промена во начинот и видот на игри кои ги преферираат и дека неопходно е навремено да се интервенира, да им се обезбедат стимулативни средини за непречена игра, како еден од основните медиуми за учење, запознавање на светот и психомоторен развој. Односно, дојдовме до заклучок дека играта е еден од најважните, најесенцијални елементи, неизбежна за целокупниот развој на децата со посебни потреби.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Tosheski Kostadin.pdf
Size
3.08 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):871177dee948dd86f732d5567e8e7d55
