Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Психолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентите
Details

Психолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентите

Journal
Списание за теорија и практика на образованието, Просветно дело
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Феноменот на меѓуврсничкото насилство во училиштата, најчесто манифестирано во форма на малтретирање или популарно наречено булинг, како аспект на агресивното однесување, сѐ почесто се позиционира во фокусот на светската стручна јавност, како еден од централните проблеми во однесувањето на учениците, со кои се соочуваат училиштата.
Малтретирањето во меѓуврсничките релации консензуално се разгледува како динамичен и мултифакторијално условен феномен, во кој учествуваат фактори што потекнуваат од
поединецот, од семејството, од врсниците, но и од училиштето и од општеството. Практиката покажува дека насилството меѓу врсниците најчесто станува видливо од 10-годишната возраст и продолжува во адолесценцијата, а вклучува малтретирање и физички напад со или без оружје, но може да вклучи и форми на насилство во кое учествуваат банди. Според последните податоци што ги соопштува Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), на глобално ниво, нешто повеќе од еден од тројца ученици на возраст од 13 до15 години се соочуваат со малтретирање, а приближно ист процент се вклучени во физички
пресметки. Наедно, три од десет ученици во 39 индустријализирани земји признаваат дека малтретираат врсници. Кога станува збор за разлики помеѓу момчињата и девојките, податоците покажуваат дека двата пола се подеднакво изложени на ризик од малтретирање, со таа разлика што постои поголема веројатност девојките да станат жртви на психолошки форми на малтретирање, додека, пак, момчињата се изложени на поголем ризик од физичко насилство и закани. Дополнително загрижува фактот што определени форми на малтретирање се јавуваат на сѐ порана возраст, што уште повеќе ги усложнува и онака
негативните и деструктивни ефекти по севкупниот развој на децата и на адолесцентите. Оттука, во овој труд ќе се разгледаат видовите и формите на меѓуврсничкото насилство во училиштето, со посебен акцент на психолошките аспекти и ефектите од малтретирањето врз развојот на поединецот во периодите на средното детство и на адолесценцијата. На крајот, ќе се истакне важноста од раното препознавање на малтретирањето и можните начини на справување, со цел намалување на долготрајните негативни развојни последици од изложеноста на истото.
Subjects

меѓуврсничко насилств...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Psiholoski aspekti na megjuvrsnickoto nasilstvo.pdf

Size

205.34 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):751894a46d291da22910f2f8c8e6bde5

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify