Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
  4. Улогата на социјалниот дијалог во остварувањето на повисок степен на социјална кохезија во Европската унија
Details

Улогата на социјалниот дијалог во остварувањето на повисок степен на социјална кохезија во Европската унија

Date Issued
2019
Author(s)
Цакиќ, Мери
Abstract
Концепцијата на социјалниот дијалог е различна во различни земји. Според дефиницијата која ја дава Меѓународната организација на трудот социјалниот дијалог ги опфаќа „сите видови на преговори, консултации или едноставна размена на информации меѓусебно или помеѓу претставниците на владите, работодавачите и работниците во врска со прашања од заеднички интерес во однос на економската или социјалната политика“. Оваа дефиниција дава општ опис на процесот во кој тандемот социјална политика и индустриски односи креираат институционална инфраструктура преку која активно се следат современите тенденции и како резултат на идентификуваните промени се креираат програми за регулација на пазарот на трудот. Институционалната инфраструктура, бипартитен и трипартитен социјален дијалог, не само што ги следи современите трендови, туку игра и улога на движечка сила, односно и самата претставува креатор на промените. Промените кои се генерираат на европско (наднационално) ниво се распространуваат на национално ниво и обратно. Оваа концепција е имплементирана во Европската унија уште во 1957 година со Договорот од Рим и во текот на изминатите 60 години претставува долготраен процес кој континуирано еволуира низ односите на организациите на работодавачите и работниците. Земајќи во предвид дека овие две групации од самиот зародиш во себе носеле антагонистичко настроение, а денес тие претставуваат партнери со меѓусебно разбирање на интересите на другата страна значи дека се надминала култура на конфликт и таа транзицирала во култура на соработка, партнерство. Не дека и денес нема спорови и гневни дискусии за одредени теми, но сепак сè што се случува, се случува на преговарачка маса на која секој има рамноправно место и ги зема во предвид интересите на социјалните партнери кои се вклучени во овој концепт на меѓусебна соработка.
Subjects

социјален дијалог, со...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

cakic2019.pdf

Size

1.72 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):fc13855ad6e45469bd91e73867b60661

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify