КОНЦЕПЦИСКО РЕШЕНИЕ ЗА НОВ ХИДРОЈАЗЕЛ НА ЈАЛОВИШТЕ, ДЕЛ ОД КАСКАДЕН СИСТЕМ СО ПОСТОЈНО ХИДРОЈАЛОВИШТЕ
Date Issued
2022
Author(s)
Стевчо Митовски, Љупчо Петковски, Фросина Пановска
Abstract
Првиот проблем што се поставува кај инженерска задача - создавање на потребен простор во одредена речна долина за одлагање на флотациска јаловина од технолошки процес на рудник - се состои во изборот на најповолен преграден профил и оптимален тип на брана (јаловишна или конвенционална). Оваа инженерска задача, која, всушност, не може да се издвои од задачата за избор на најповолна конфигурација на придружните објекти на хидројаловиштето, се карактеризира со висок праг на неодреденост. Затоа, единствениот можен пристап е методологија, која, генерално, се состои од четири чекори: (а) избор на релевантни критериуми за вреднување на варијантните решенија; (б) идентификување одреден број варијантни решенија; (в) разработка на варијантите на исто ниво на проектна документација и изедначување на истите според техничка сигурност; и (г) споредба на варијантите според економски показател (најчесто, минимизација на актуализирани трошоци), и дополнителна проверка на избраното решение според немерливи показатели (еколошки, социолошки). Предметниов реферат е илустриран со резултати од истражувањето за најповолен профил на јаловишна брана и најповолна конфигурација на придружните објекти во долината на Крива Река, со која треба да се обезбеди максимален корисен простор за депонирање на флотациската јаловина од рудникот „Тораница“, Крива Паланка, Република Македонија
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
13 2 konferencija za hj2022 01.pdf
Size
888.56 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2630943c8884ea76b2f0022565484cd1
