Улогата на услугите во просторот на производи во меѓународната трговија
Journal
Годишник на Економскиот факултет – Скопје
Date Issued
2019
Author(s)
Стојкоски, Виктор
Abstract
Знаењето е главен двигател на идниот раст на една економија. Новите движења во макроекономската теорија велат дека постои Простор на производи во кој производите се поврзани преку сличноста на знаењето што го бараат. Токму просторот е тој кој одлучува кое добро е најлесно една држава да го додаде во својата извозна кошничка. Сепак, во досегашните трудови анализата е стриктно фокусирана на добрата, поради недоволната дисагрегација во податоците за услуги. Во овој труд заземаме поинаков пристап, и го создаваме Агрегираниот простор на производи, кој покрај добрата ги содржи и услугите. Заклучуваме дека добрата и услугите не користат слично знаење при нивно производство.
Subjects
