Улогата на дефектологот во креирањето на инклузивната пракса
Date Issued
2019
Author(s)
Атанасоска, Ивана
Abstract
Начинот на којшто е концептуализирана инклузијата може значително да се разликува во практиката на креаторите на политиката, на администраторите, директорите и наставниците, како и на други професионалци што работат во различни национални образовни контексти. Инклузијата како процес подразбира вклучување на сите лица со пречки во развојот, опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење. За успешна реализација на инклузивниот процес, потребно е да се овозможи заедничко образование на сите деца, бидејќи образованието претставува најзначајниот сегмент на општественото живеење. Целта на ова истражување е да се испита улогата на дефектологот во инклузивниот процес во редовните училишта. Според карактерот на истражувањето, станува збор за евалуациско истражување. Во статистичката обработка беа користени следниве постапки:дескриптивна статистика и инференциска статистика (дистрибуција на фреквенција, процент, аритметичка средина и стандардна девијација). Степенот на статистичка значајност на сите анализи е на ниво од р < 0,05. Организациската поставеност во училиштата покажа дека дефектологот како дел од стручната служба се јавува како одговор од 62 испитаника, односно 98,4 %. Дефектолозите, исто така, во најголемиот дел од училиштата (96,9%) се членови на инклузивниот тим. Тие често посетуваат обуки, а стекнатото знаење им го пренесуваат на наставниците и семејството со кои често соработуваат. Честата соработка помеѓу дефектологот и наставниците и дефектологот и семејството овозможува одржување на комуникацијата, споделување на искуства, советодавна поддршка и упатства за помош на ученикот кој има потреба од тоа.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
iatanasoska2019.pdf
Size
1.84 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2157dbc71c5655c72af14d7fcc59f11b
