„ОПРАВДУВАЊЕ НА ЗЛОСТОРСТВАТА“ – ПРАВНАТА ТЕОРИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ГЕРМАНСКИОТ НАЦИОНАЛСОЦИЈАЛИЗАМ
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во чест на проф. д-р Димитар Бајалџиев
Date Issued
2022
Author(s)
Спасов, Александар
Abstract
Националсоцијалистичката диктатура во Германија од 1933 до
1945 година во германската и во европската историја е најстрашниот
тоталитарен и репресивен режим. Нејзиното постојано истражување и
откривање на сите злосторства директно или индиректно предизвикани од
овој политички режим и неговите претставници претставува цивилизациска
должност и на денешните генерации, иако поминаа безмалку осум децении од
неговиот крај. За разлика од политичките последици, воените злосторства
и злосторствата против човештвото, некои аспекти остануваат сѐ уште
недоволно истражени или познати. Еден од тие аспекти е злоупотребата
на правото и улогата на правната наука и правниците во легитимирањето
на нацистичките злосторства преку первертирање на правото. Овој труд ја
анализира злоупотребата на правната наука со акцент на правната теорија
во Германија за времето на нацистичката диктатура во обид да се даде
научна легитимација на расистичкиот режим. Во трудот се анализираат
поимот на државата, поимот на правото, целите на правото, вредностите
на правото, изворите на правото и толкувањето на правото онака како
што првенците на правната наука во нацизмот ги презентираат во своите
многубројни памфлети со кои свесно се ставаат во служба на злосторничкиот
режим жртвувајќи го интегритетот на правната наука.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Зборник-Бајалџиев.pdf
Size
7.13 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c18fb88a706f20c547eedc53326b42bf