ЛОГИСТИЧКА РЕГРЕСИЈА И НЕЈЗИНА ПРИМЕНА НА ПРИМЕРИ ОД БИНАРНА КЛАСИФИКАЦИЈА
Date Issued
2021
Author(s)
Nikolovski, Filip
Abstract
Во овој труд накратко се изложени идеите кои лежат во основата на логистичкатарегресија. За да се мотивира потребата од примена на логистичка регресија, најпрво се опишува еден тип на задачи за кои не може да се примени линеарна регресија; потоа се утврдува применливоста на логистичката регресија на тој тип задачи. Со цел да се илустрира практичната примена на логистичката регресија, извршено е моделирање на неколку примери. Имплементацијата е направена во програмскиот јазик Python. Покрај конструкцијата на моделот, извршена е и елементарна оценка на неговите можности со цел на читателот да му се даде на увид ефикасноста на конструираниот модел.
