Фактори кои влијаат врз исходот од користењето на кохлеарните импланти
Date Issued
2020
Author(s)
Петкоска, Теона
Abstract
Кохлеарниот имплант е мала електронска направа која им помага на луѓето да слушаат. До декември 2010 година, во светот кохлеарниот имплант е поставен кај повеќе од 219000 лица (Давчева Чакар, Богеска, Дума Васовска, & Ивановска, 2014). Денес бројката на лица кои користат кохлеарни импланти е во постојан пораст. Повеќе од 324200 лица во светски рамки имаат кохлеарен имплант (Cochlear Implants). Целта на истражувањето е да се одреди кои фактори влијаат врз исходот од користењето на кохлеарните импланти и дали раната имплантација дава поголем успех во однос на имплантацијата извршена подоцна во животот на лицето. Ги анализиравме истажувањата на автори кои пишуваат за бенефитите на раната имплантација кај децата. Од анализираните истражувања се открива дека најголем успех имале оние деца кај кои имплантацијата била направена најрано во животот, додека биле бебиња. Имено, овие деца покажале најдобри резлтати на сите тестови од различни области: јазични достигнувања, развој на говор (експресивен и импресивен), читачки вештини, вокални карактеристики и аудиторни вештини. Овие деца имале тенденција да ги одбираат редовните училишта, а исто така, во однос на децата со подоцна направена имплентација, во своите достигнувања многу малку се разликувале во однос на децата со нормален слух. Раната имплантација има големо влијание врз успехот од користењето на кохлеарните импланти, како во областа на академските достигнувања така и во областа на социјалниот живот на детето.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
tpetkoska2020.pdf
Size
1.73 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8ab6b42c379d98d2dc091c61b8623d34
