Некои аспекти при мерење на невработеноста во Република Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Трудот има за цел да прикаже некои аспекти при утврдување на невработеноста во земјата. Од денешна перспектива ова е потребно поради следново: прво, Македонија и по 25 години од осамостојувањето има највисока стапка на невработеност во Европа; второ, многу висока и на долг рок одржлива стапка на невработеност, особено кај популацијата во постуниверзитетската возраст (од 24-35 години); трето, намалување на невработеноста во последните години, дури и во услови на пад на индустриското производство и забавување на економскиот раст, што не се согласува со економските законитости за врската помеѓу економкиот раст и невработеноста; четврто, проблеми при мерење на невработеноста, а кои произлегуваат од долгиот период за кој не е направен попис во земјата. Клучното прашање што овој труд го третира е дали податоците добиени со Анкетата на работна сила која ја спроведува ДЗС, а врз основа на препораките на Меѓународната организација на труд, се вистински показател за невработеоста во земјата, бидејќи базата од која се земаат податоците е пописот од 2002 година. Затоа во трудот се прави компарација на невработеноста, утврдена од страна на ДЗС, врз основа на примена на статистички пристап и невработеноста, утврдена по административен пат, пресметана преку моделот на состојба-текови, а врз основа на податоците од Агенцијата за вработување наРМ, во периодот по Голематарецесија од 2007 година. Резултатите од истражувањето, од аспект на утврдување на невработеноста, ќе дадат една попрегледна слика за состојбите на пазарот на труд во Маедонија и од тој аспект се битни, како за академската и стручната јавност, така и за носителите на економските политики.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет-Скопје 2016.pdf
Size
9.24 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e59c6b09164867975153f572d0357b2f
